Connect with us

Сантијаго Солари доби отказ од Клуб Америка

Поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, доби отказ од мексиканскиот Клуб Америка по серијата лоши резултати во 2022 година. Тимот сега се наоѓа на претпоследната позиција во мексиканската лига, а имаше многу поинакви амбиции.


Солари дојде на кормилото на Клуб Америка минатата година и имаше одличен старт на сезоната, но, во 2022 година има очајни резултати, само една победа и шест освоени бода на осум натпревари.

Најсериозен кандидат за негов наследник е Хернан Креспо, а во комбинација е и колумбискиот стратег Хуан Карлос Осорио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови