Connect with us

Сансет од пенал, за нови три бода на Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ја продолжи успешната серија на „Сан Мамеш“, освојувајќи ги и вторите три бода на домашен терен оваа сезона. „Лавовите“ славеа минимално со 1-0 против цврстиот тим на Рајо Валјекано.

Иако гостите од Мадрид делуваа дисциплинирано во одбраната и не им оставија многу простор на избраниците на Ернесто Валверде, сепак, Атлетик успеа да го скрши нивниот отпор во 66. минута.


По интервенција на ВАР, судијата досуди пенал, а Сансет без проблем ја реализираше шансата и донесе радост на домашната публика.

„Сан Мамеш“ уште еднаш беше тврдина, а Атлетик покажа дека и оваа сезона ќе биде сериозен фактор на домашната сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови