Connect with us

Самсунспор ќе биде следниот клуб на Енис Барди?

Македонскиот репрезентативец и капитен на националниот тим, Енис Барди, е на пат да направи нов трансфер откако неговиот актуелен клуб Бодрумспор се пресели во Втората лига на Турција. Јасно е дека Барди нема да остане во редовите на второлигашот и веќе се работи на неговиот следен чекор во кариерата.

Интерес за услугите на искусниот фудбалер покажуваат неколку тимови од турската Суперлига, а според последните информации, најсериозен кандидат за неговиот потпис е Самсунспор.

Клубот од Самсун ја заврши сезоната на високото трето место во првенството, веднаш зад Галатасарај и Фенербахче. Сега, амбициозно се подготвува за настап во европските квалификации, а доведувањето на Барди се гледа како стратегиско засилување со цел пласман во групната фаза на Лига Европа.

Ова не би било прво искуство за Барди во елитата на турскиот фудбал – претходно настапуваше за Трабзонспор, а има богато интернационално искуство и од шпанскиот Леванте. Очекувањата се трансферот во Самсунспор да се финализира наскоро, а Барди да добие нова шанса за настап на големата европска сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови