Jоаким Маеле ја однесе топката по центаршут недалеку од голот на Финска и таа дојде пред нозете на Кристијан Ериксен. Данскиот играч за врска ја прими и ја врати на Маеле, а веднаш откако ја допре топката, падна на теренот.
Потребни беа неколку секунди за играчите на теренот и публиката на трибините да разберат што се случи, а потоа на стадионот завладеа страотна тишина. Сите беа смрзнати пред паднатиот Ериксен, кој лежеше на тревникот откако наводно доживеал срцев удар. Запре целиот фудбалски свет.
Сите освен еден човек, капитенот Симон Кјаер. Капитенот на данската репрезентација веднаш истрча кон Ериксен, кој изгледаше како безживотно тело пред телевизките камери. Навремената реакција на Кјаер го спречи Ериксен да го голтне неговиот јазик во бесознание и го смести во правилна позиција.
Додека целиот свет ја гледаше преку ТВ-екраните шокантна сцена како никогаш досега видена на големи натпреварувања, Кјаер постапи херојски. Тој успеа да остане присебен и да му помогне на својот соиграч во тие неколку секунди што минаа од падот на Ериксен на трева до моментот кога судијата Ентони Тејлор замавна по медицинската служба да влезе на теренот.
По влегувањето на лекарите Кјаер и Томас Дилејни продолжија да дејствуваат како лидери на теренот, па веднаш ги собраа играчите и создадоа круг околу Ериксен за да спречат фоторепортерите и снимателите да ги испраќаат тешките моменти на гледачите во светот. Од трибините публиката реагираше на ист начин, аплаудирајќи.
Беа потребни речиси десет минути додека лекарите завршија со реанимација и го поставија Ериксен на носила. Тие минути ги обележа неговата девојка Сабрина Квист Јенсен, која дотрча до теренот со очи исполнети со солзи, барајќи начин да стигне до нејзиниот партнер. Прво ја дочекаа редрите кои не ја пуштија да оди кај Ериксен, а потоа Кјаер ја заврши својата херојска вечер земајќи ја Сабрина од обезбедувањето и почна да ја теши. Тој ја прегрна и, во очите на сите што го гледаа преносот, ја смири во веројатно најтешкиот момент од нејзиниот живот.
Фудбалот е најважната споредна работа на светот. Животот сепак е поважен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal