Connect with us

Само вакцинирани или тазе прележани од Ковид-19 можат на стадион: Денеска трето коло од ПМФЛ

Првата фудбалска лига денеска продолжува со натпреварите од третото коло. Согласно новите мерки на Владата како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, натпреварите од ПМФЛ ќе продолжат да се играат со намален капацитет на публика, но ќе важат и нови регулативи.


Според протоколот за спроведување на мерки за заштита од коронавирусот, сите што ќе присуствуваат при влез на стадионот потребно е да приложат сертификат за вакцинација или потврда за примена најмалку една доза вакцина или доказ за прележан Ковид-19 во периодот од последните 45 дена.


На стадионите и понатаму ќе биде дозволено присуство на публика до 30% од капацитетот.


Во денешното трето коло, се среќаваат:


ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (17 Ч.)


БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ


СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ


ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ


КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ


ТЕТОВО: РЕНОВА – БОРЕЦ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови