
Македонската фудбалска репрезентација досега четири пати се соочила со Белгија во официјални натпревари, сите во рамки на квалификации за големи натпреварувања. Билансот е далеку од позитивен – три порази и едно реми, со само еден постигнат гол.
Тој единствен погодок останува длабоко врежан во историјата и колективната меморија на македонскиот фудбал. Го постигна Зоран „Чоко“ Бошковски во далечната 1994 година, во рамки на квалификациите за Европското првенство 1996. Средбата се одигра на стадионот во Брисел и заврши 1-1 – единственото реми на Македонија против Белгија, но и единствениот гол на „црвено-жолтите“ во сите досегашни дуели со „црвените ѓаволи“.
Мечот во Брисел беше исполнет со емоции. На трибините се собраа околу 10.000 Македонци со знамиња, иако тогашните организатори не дозволија да биде истакнато македонското знаме – единствено беше интонирана химната. Но во 50. минута, Бошковски со прецизен удар израмни на 1-1 и испиша историја.
Во истите квалификации, Македонија беше поразена на домашен терен со високи 0-5.
Двата последни меѓусебни дуели се одиграа во квалификациите за Светското првенство 2014. Во Скопје, Белгија победи со 0-2, а на реваншот во Брисел триумфираше со минимални 1-0.
Иако поминаа 31 година од ремито во Брисел, тој натпревар останува како светол момент и симбол на гордоста на македонската репрезентација во еден од најтешките мечеви во својата историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
