Connect with us

Салихамиџиќ потврди: Левандовски заминува од Баерн

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ова лето дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен. За оваа одлука веќе го информирал раководството на клубот, а тоа го потврди и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.


„Левандовски јасно ми кажа дека не ја прифаќа нашата понуда за нов договор. Тој сака да го напушти Баерн, директно ми кажа дека сака да игра на некое друго место пред да ја заврши кариерата“, изјави Салихамиџиќ во пресрет на дуелот од последното коло во Бундес-лигата против Волфсбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови