Голгетерот на Ливерпул и Премиер – лигата, Мохамед Салах, очекувано беше избран за „Фудбалер на годината“ од Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Англија. Тој стана првиот во историјата што ја освојува оваа награда трипати во кариерата, откако претходно триумфираше во 2018 и 2022 година.
Египќанецот ја доби наградата во конкуренција на неговиот соиграч Алексис Мекалистер, како и на Александар Исак, Деклан Рајс, Кол Палмер и Бруно Фернандеш.
Ова е десетти пат фудбалер на Ливерпул да ја освојува оваа награда, која важи за една од најпрестижните на Островот, бидејќи победникот е избран од своите колеги. Салах веќе ги освои и другите две големи индивидуални признанија во Англија – наградата на Асоцијацијата на спортски новинари и признанието на Премиер – лигата.
Минатата сезона, во која Ливерпул ја освои шампионската титула по 20. пат, Салах постигна 34 гола и оствари 23 асистенции на 52 натпревари во сите конкуренции. Во Премиер – лигата неговиот ефект изнесуваше 29 голови и 18 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













