Connect with us

Салах промаши пенал, Ливерпул загуби од Лестер (ВИДЕО)

Ливерпул потклекнува во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. „Црвените“ загубија со 1-0 на гостувањето кај Лестер иако домаќинот беше десеткуван со неколку повреди во тимот. Но, Мохамед Салах не искористи пенал во 15.минута и мечот отиде во непосакувана насока за составот на Јирген Клоп.

Каспер Шмајхел имаше одлична вечер, го одбрани пеналот на Салах, а исто така и уште неколку одлични шанси. Садио Мане во вториот дел не искористи уште една колосална шанса, а тоа знаеше да го искористи Адемола Лукман кој во 59.минута успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови