Фудбалерите на Ливерпул синоќа победија против Манчестер Јунајтед со 7-0 во 26. коло од Премиер – лигата. Египетскиот фудбалер Мохамед Салах со 129 голови стана најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер – лигата. Со тие голови го собори рекордот на легендарниот Роби Фаулер кој во текот на кариерата постигна 128 гола за славниот клуб.
По натпреварот Салах изјави дека му се исполнила желбата да стане најдобар стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер – лигата.
„Ова е многу посебен и важен момент за мене. Не можам да лажам, ова го посакував откако дојдов во Ливерпул. По мојата прва сезона во Ливерпул размислував само за рекордот. Она што е неверојатно е дека влегов во историјата на Ливерпул на мечот против Манчестер Јунајтед и на меч кој заврши со резултат 7-0“, изјави Салах.
Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома, а оваа сезона во Премиер – лигата одигра 25 натпревари и постигна 11 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













