
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, вели дека Реал Мадрид не е силен како пред три години, кога успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите, токму со триумф против „црвените“. Сега ќе имаат нов дуел во четвртфиналето од елитното европско клупско натпреварување.
„Во моментов, Реал Мадрид ги нема Кејлор Навас, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои играа во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година. Дали Мадрид е посилен или послаб ако се спореди со тој тим? Тие загубија одлични играчи како Кристијано, кој е најдобриот фудбалер во историјата на овој клуб. Во исто време, тие го потпишаа Азар. Еден нема среќа со повредите… Но, тимот се смени. Сега Реал Мадрид е во четвртфиналето, има одлични играчи, но им недостасуваат головите на Роналдо“, изјави Салах.
Ливерпул ќе му гостува на Реал Мадрид на 6 април, а реваншот е закажан за осум дена подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
