
Интересот од Саудиска Арабија за Мохамед Салах останува многу голем. Според многумина, Египќанецот најверојатно ќе прифати некоја од примамливите понуди оттаму, доколку не постигне договор со Ливерпул за нов договор. Според поранешниот менаџер на Вест Хем, Славен Билиќ, кој минатата сезона беше тренер на Ал-Фатех, во Саудиска Арабија знаеле дека уште пред една година Салах бил подготвен да се пресели таму, бидејќи имало нарушени односи меѓу него и Јирген Клоп.
Откако во јануари минатата година Германецот објави дека ќе си замине, а на негово место летово беше назначен Арне Слот, Египќанецот одлучил да остане во Ливерпул.
„Мохамед Салах е најдобриот напаѓач, најдоброто крило и најдобриот играч со број 10 во Премиер лигата. Дефинитивно има промена оваа сезона под водство на Арне Слот, бидејќи откако бев во Саудиска Арабија минатата година, знам дека тој не беше среќен под водство на Јирген Клоп и очекувавме да замине. Целата Саудиска Арабија беше подготвена за него – и тој ќе беше ѕвезда на лигата. За сите нас, тоа беше завршена работа и Мо Салах требаше да му се приклучи на Ал-Итихад. Сепак, не бев изненаден што не замина. Тој знае дека овој трансфер ќе биде можен за него кога ќе одлучи да го напушти Ливерпул. Фудбалот во Саудиска Арабија не е проект за една година“, изјави Билиќ.
Во април минатата година, помеѓу Салах и Клоп имаше сериозна расправија покрај аут-линијата за време на натпреварот со Вест Хем. Освен тој инцидент, двајцата секогаш демонстрирале добри односи, а и двајцата открија дека често разговараат и по заминувањето на Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
