Баерн Минхен официјално објави дека го продолжи договорот со својот играч од средниот ред, Џошуа Кимих, до крајот на јуни 2029 година. Ова става крај на шпекулациите околу неговата иднина, бидејќи неговиот претходен договор истекуваше на крајот на оваа сезона.
Кимих се приклучи на Баерн во 2015 година од Лајпциг и оттогаш освои осум титули во Бундес-лигата, три Купа на Германија, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Тој има одиграно 429 натпревари за баварскиот гигант, постигнувајќи 43 гола и забележувајќи 115 асистенции.
Во моментов, Кимих е капитен на германската репрезентација, со 97 настапи и седум голови за Бундес-тимот.
По потпишувањето на новиот договор, Кимих изјави:
„Во Баерн имам најдобра средина за постигнување на моите спортски цели. За мене, во моментов нема подобра комбинација од соиграчи, тренерски штаб и клупска средина за да постигнам максимален успех. Тука се чувствувам како дома и сè уште не сум завршил“, изјави Кимих по потпишувањето на договорот.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, истакна дека е задоволен затоа што клубот го задржува Кимих.
„Менталитет и идентитет – тоа го претставува Џошуа Кимих. Со текот на годините, тој ја усвои ДНК-та на Баерн и ја отелотворува како на теренот, така и надвор од него. Таму каде што другите запираат, тој започнува. Многу сме среќни што тој ќе продолжи да го води нашиот тим напред“, изнави Макс Еберл.
Со ова продолжување, Баерн задржа уште еден од своите клучни фудбалери, откако претходно договорите ги продолжија и Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













