Михајло Мудрик сега може да се смета за сигурно ново засилување за Челси. Украинскиот напаѓач претходно денеска ги помина медицинските прегледи, а потоа пристигна на „Стемфорд бриџ“ за да го гледа натпреварот на неговиот нов тим против Кристал Палас.
Челси очигледно ја доби битката со Арсенал за потписот на Мудрик, иако во еден момент „топчиите“ важеа за фаворити за негово прибирање. „Сините“ на Шахтјор ќе му платат вкупно 100 милиони евра, од кои 20 милиони во вид на бонуси.
Една од главните причини Мудрик да го избере Челси е поголемата плата. Се очекува напаѓачот да потпише договор до 2030 година, според кој ќе добива 7,5 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













