Потенцијалниот трансфер на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид е сосема разбирлив чекор за англискиот дефанзивец, според легендарниот Вејн Руни Во изјава за „Би-би-си“, легендата на Манчестер Јунајтед го коментираше очекуваниот премин на 26-годишниот играч, чиј договор со Ливерпул истекува ова лето.
„Трент е во позиција да одлучи дали ќе остане во Ливерпул до крајот на кариерата или ќе оди во Реал Мадрид, кој очигледно го посакува во своите редови“, изјави Руни.
Според него, Ливерпул можеби ќе загуби еден од своите најталентирани фудбалери, но трансфер во Реал би бил природен чекор за играч од калибарот на Трент.
„Да играш за Реал е огромна можност и разбирам ако ја прифати понудата. Тоа е најголемиот клуб во светот, со неверојатна историја и успех“, додаде поранешниот напаѓач.
Руни исто така откри дека во 2010 година бил блиску до трансфер во Реал Мадрид или Барселона, но на крај одлучил да остане во Јунајтед.
„Во тие моменти, Барса беше неверојатен тим, а секој фудбалер сонуваше да игра со Меси, Чави и Иниеста“, сподели Англичанецот.
Останува да се види дали Александар-Арнолд ќе ја прифати понудата на „кралевите“ и дали навистина Ливерпул ќе остане без еден од своите најважни играчи ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













