Антонио Рудигер одби да потпише нов, подобрен договор со европскиот шампион Челси и го чека јануари за да може слободно да стапи во преговори со други заинтересирани клубови, откриваат медиумите на Островот.
Прв во низата е Реал, кој би сакал да го доведе овој одличен дефанзивец во Мадрид, но за Рудигер заинтересирани се и Баерн, ПСЖ и италијанските клубови Јувентус и Милан. Сепак, „кралевите“ важат за фаворити за неговиот потпис.
Челси му понуди на Рудигер нов договор кој му гарантира зголемување на неделната плата од 90.000 на 140.000 фунти, но германскиот репрезентативец бара дури 200.000 фунти. Во спротивно, тој најави дека сака да си замине.
Менаџерот на Челси, Томаш Тухел, побара трпение околу преговорите за договорот на Челси со Рудигер, но додаде дека никој не е поголем од клубот.
„Нема сомнеж дека Антонио е многу важен за клубот и сакаме тој да остане, но никој не е поголем од клубот. Ова е тимска игра и не се базира на една индивидуа. Не мислам само на Рудигер, туку на било кој играч“, изјави Тухел.
Рудигер дојде во Челси од Рома во 2017 година, а играше и за Штутгарт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













