Челси не успеа да го убеди Антонио Рудигер да потпише нов договор, пишува медиумите на Островот. Одличниот германски стопер, кој брилјираше под водство на Томас Тухел, со недели преговара со Челси, но на крајот не се согласи на огромна плата од дури 10 милиони фунти по сезона.
Рудигер моментно заработува двојно помалку, а Челси прво му понуди 140.000 фунти неделно, што е околу 7 милиони фунти годишно. Германецот одбил, а Челси потоа му понудил и 200.000 фунти неделно, но и Рудигер повторно не бил задоволен.
Раководството на англискиот премиерлигаш било шокирано кога Рудигер ја одбил последната понуда. Сега Челси е во неволја бидејќи новиот договор на Рудигер истекува на лето и тој веќе може да преговара со други клубови.
Минатото лето го посакуваа Реал Мадрид и ПСЖ, но Челси не сакаше да го пушти, сметајќи дека Германецот ќе го продолжи договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal