
Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, одби да поднесе оставка и покрај повиците да го стори тоа од страна на медиумите, политичарите и спортистите. ФИФА отвори и дисциплинска постапка против него, откако фудбалскиот функционер ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо за време на доделувањето на наградите по триумфот на Шпанија на Светското првенство за жени.
Вчера Рубиалес свика итен состанок и медиумите очекуваа дека ќе поднесе оставка. Сепак, тоа не се случи.
„Има многу луѓе кои иако замолчени, продолжуваат да ми даваат голема поддршка. Сега сум пред телото што ме избра и на кое морам да дадам објаснувања.
Сакам да се извинам за гестот што го направив на бината во моментите на еуфорија. Ќе се обидам да објаснам, гледајќи го Хорхе Вилда (одд. – селектор на женската репрезентација на Шпанија). Поминавме низ многу, Хорхе. Сакаа да ти го направат тоа што сега ми го прават мене – се обидуваат да измислат некои лажни настани и да ги претстават како реалност. Поминавме многу и проголтавме многу. Така се возбудив до тој степен што ја изгубив контролата. Веднаш откако победивме, вашата прва реакција беше да се свртите кон ложата и да ми го посветите трофејот. И во тој момент ги направив овие гестови. Секако дека морам да им се извинам на кралицата и на Инфантино. Најдлабоко се извинувам. Емоцијата беше голема бидејќи многу страдавме.
Второто големо прашање е бакнежот, бидејќи тоа беше повеќе татковски бакнеж отколку бакнеж. Секој што ја видел снимката од тоа како се прави пред милиони луѓе, ќе се согласи дека желбата за овој бакнеж е иста како онаа што ја имав кога сакав да бакнам една од моите ќерки. Немаше друг вид на желба или прикажување на доминација како што г-дин Тебас и лажните феминистки се обидоа да го направат тоа. Бакнежот беше спонтан и консензуален.
Кога се појави Џени, која промаши пенал, таа прва ме подигна и за малку ќе падневме. Таа потоа ме привлече поблиску до себе. Се прегрнавме и ѝ реков „Заборави на пеналот, ти беше фантастична на овој шампионат!“. Таа одговори „Ти си ѕвездата“. Потоа реков „Мал бакнеж?“, а таа рече „Во ред“ и се случи.
Овде не се обидуваат да ја делат правдата, тие вршат социјално убиство“, вели разбеснетиот Рубиалес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
