Рубeн Аморим е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, објави англискиот прволигаш. Португалскиот стручњак на клупата на славниот клуб ќе го наследи сменетиот Ерик тен Хаг.
Аморим потпиша договор до летото 2027 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Тој ќе ја преземе екипата на Манчестер во понеделник, 11 ноември, кога ќе ги заврши сите обврски со Спортинг Лисабон, клубот што го водеше досега.
„Рубен е еден од највозбудливите и особено ценети млади тренери во европскиот фудбал. Тој беше успешен како играч и тренер, двапати го освои португалското првенство со Спортинг Лисабон, при што првата титула беше прва по 19 години“, стои во објавата на Јунајтед, кој потврди дека Руд ван Нистелрој ќе ја води екипата до доаѓањето на Аморим.
It's done.
— Manchester United (@ManUtd) November 1, 2024
Bem-vindo ao Manchester United, Ruben Amorim 🇵🇹🤝🔴#MUFC
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski