Connect with us

Роналдо трет во изборот за најдобар играч во Азија, лауреат е ѕвездата на Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем и репрезентативец на Јужна Кореја, Хјонг-Мин Сон е избран за најдобар фудбалер во Азија за 2023. Тој ги победи сонародникот Ким (Наполи/Баерн Минхен) и Кристијано Роналдо (Ал-Наср). Рангирањето може да вклучува играчи кои ги претставуваат земјите од Азиската фудбалска конфедерација или кои играат за клубови под нејзина јурисдикција.


Сон минатата календарска година постигна 27 гола за Тотенхем и Јужна Кореја. Тој ја освои наградата седми пат по ред и вкупно деветти во кариерата.

Ѕвездата на Тотенхем собра 22,9% од гласовите меѓу азиските фудбалски новинари и експерти. Дефанзивецот Ким Мин-Јае доби 19,54 отсто, а Кристијано Роналдо (Ал-Наср, Португалија) заврши на третото место со 17,06 отсто од гласовите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови