Кристијано Роналдо денеска ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство против Унгарија, тој и Португалија ја бранат титулата, но повеќе се зборува за неговиот евентуален трансфер отколку за денешниот дуел.
Тој за новинарите изјави дека не знае дали ќе остане во Јувентус, но дека не е загрижен за тоа, дека размислува само за репрезентацијата.
Во меѓувреме, во Италија има гласини дека тој е незадоволен од враќањето на Алегри, дека не е во добри односи со дел од тимот, посебно со „кланот“ на Бразилците кои ги има шестмина се во соблекувалната на Јуве.
Наводно, тие сметаат дека е себичен, дека не игра за тимот, а некаде на иста бранова должина е и тренерот Алегри, кој пролетта, според некои медиуми, го советувал својот пријател Ањели да се ослободи од Кристијано.
Јасно е дека Роналдо никаде нема да добие плата од 31 милиони евра по сезона, а постојат опции за заминување во ПСЖ и во Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид се откажа од можноста да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













