Connect with us

Роналдо: Не сакам да бидам во клуб што се бори за петто место!

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е незадоволен од Манчестер Јунајтед и би можел да го напушти клубот доколку продолжи да постигнува просечни резултати. Наводно, Роналдо им рекол на челниците на клубот дека ќе си замине доколку наместо Ралф Рангник не биде доведен „вистински“ тренер.


„Не сакам да бидам во клубот за да се борам за шесто, седмо или петто место. Тука сум за да победам. Верувам дека со промена на ставот можеме да постигнеме големи резултати”, изјавил португалскиот напаѓач, коментирајќи ја ситуацијата во клубот.

Манчестер Јунајтед е далеку од борбата за врвот на табелата во Премиер – лигата и фокусот е насочен кон остварување на целта за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови