Connect with us

Роналдо не го сака Конте на клупата на Јунајтед?

Деновите на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“ се избројани, а како прв кандидат за негов наследник се споменува Антонио Конте, италијанскиот стручњак кој инсистира на високо темпо и силен интензитет во своите тимови. Токму поради начинот на игра на Конте, португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не сака тој да биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед.


Португалскиот ас повеќе би сакал на клупата да седне стратег кој се задоволува со помал интензитет бидејќи со оглед на неговите години (36) не може да го следи ритамот во текот на целиот натпревар како неговите значително помлади соиграчи.

Роналдо постигна неколку значајни голови за Манчестер Јунајтед по враќањето на „Олд Трафорд“, но исто така јасно е дека има и огромен кредит кај Оле Гунар Солскјер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови