
Кристијано Роналдо, португалската фудбалска ѕвезда, е во напредни преговори за купување на поголем дел од акциите на шпанскиот клуб Валенсија. Оваа вест доаѓа по неговото објавување дека по завршувањето на играчката кариера, тој сака да стане сопственик на фудбалски клуб, а Валенсија се чини дека е една од неговите целни инвестиции.
Роналдо и Питер Лим, актуелниот сопственик на Валенсија, имаат долгорочна деловна соработка. Лим ја презеде марката на Роналдо уште во 2015 година, а нивниот партнерски однос продолжил и во 2021 година со лансирањето на проектот „Zuju GP“.
Во текот на последните години, Роналдо неколкупати изјавил дека по завршувањето на својата фудбалска кариера, повеќе би сакал да биде сопственик на клуб отколку тренер или директор.
Во моментов, Роналдо е во напредни преговори за продолжување на својот договор со Ал-Наср до 2026 година, со годишна заработка од 200 милиони евра и потенцијален договор за добивање акции во клубот. Сепак, тој исто така сака да инвестира и во Валенсија, клуб во Ла Лига, каде што настапува и македонскиот голман Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
