Кристијано Роналдо не учествуваше на тренингот на Португалија пред последниот натпревар од групата Х против Јужна Кореја. 37-годишниот напаѓач тренира индивидуално.
Селекторот Фернандо Сантош сепак размислува да му даде одмор на капитенот и на уште неколкумина кои беа стартери на претходните два меча.
Отавио, Данило Переира и Нуно Мендеш нема да бидат достапни поради повреди.
Доколку Португалија освои бод, таа ќе заврши на првото место во групата и ќе игра против второпласираната селекција од групата Г.
Португалските медиуми најавуваат дека Рафаел Леао, Гонзало Рамос и Матеус Нуњез сигурно ќе стартуваат на утрешниот меч против Јужна Кореја.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












