Манчестер Јунајтед ја контактирала ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, за негово можно враќање на „Олд Трафорд“, тврдат шпанските медиуми. Гласините во врска со напаѓачот на „старата дама“ продолжуваат, бидејќи Јувентус ризикува да ја пропушти Лигата на шампионите следната сезона.
Шпекулациите се разгореа со отстранувањето на неговите луксузни автомобили од неговата вила во Торино и шпанскиот весник “АС” објави дека тој може да се врати назад во тимот на “црвените ѓаволи”. Наводно, тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, веќе разговарал со португалскиот ас, а 36-годишниот фудбалски ветеран изразил желба за камбек во Манчестер.
Викендов, “бјанконерите” играат за место во Лигата на шампионите, а Роналдо има договор со нив до јуни 2022 година вреден 30 милиони евра по сезона. Во случај Јуве да не успее да се квалификува, тогаш се верува дека “старата дама” би размислувала за продажба на поранешниот херој на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед за симболична сума од 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













