
Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиер – лигата. По двете ремија во низа, Кристијано Роналдо и Бруно донесоа триумф (2-0) над Брајтон на „Олд Трафорд“.
Португалецот погоди во 51.минута, ја прекина и својата црна серија без погодок, а и го врати Јунајтед во вистински ритам. Сега „ѓаволите“ се повторно на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата.
Само три минути откако Роналдо донесе водство, гостите останаа и со фудбалер помалку на теренот. Исклучен беше Луис Данк, по што Брајтон не успеа да се врати во игра.
Бруно Фернандеш длабоко во судиското продолжение го постигна вториот гол за Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
