Во која било држава, на кој било стадион, во секое време. Се појавува во најважниот момент и успева, изјави Рио Фердинанд за Кристијано Роналдо, по натпреварот меѓу Аталанта и Манчестер Јунајтед.
Колку пати сте слушнале дека тимот во кој игра Кристијано Роналдо постигнал гол длабоко во судиското продолжение? Првото прашање секогаш е „Дали е Роналдо? А потврдниот одговор никогаш навистина нема да не изненади…
За него головите во клучните моменти од натпреварите едноставно не се невообичаени, туку напротив, апсолутно секојдневние. А тоа го докажа и истражувањето спроведено во 2019 година од организацијата „SciSports“. Тие во соработка со Универзитетот во Лувен, спроведоа истражување за тоа како стресот влијае на фудбалерите во клучните моменти од играта.
Собрани се податоци од 7.000 минути анализирајќи како стресот од натпреварите влијае на перформансите на играчите. По сите параметри најдобар е, без сомнение, Кристијано Роналдо. Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот е имун на притисок, а нивото на неговиот ефект е идентичен во секое можно сценарио.
Кој од фудбалерите уште е добар „под стрес“? Серхио Агуеро!
Истражувањето покажа дека Аргентинецот носи одлични одлуки со топката во стресни моменти.
А кој најмногу се гуши под притисок? Нејмар и Еден Азар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski