Connect with us

Роналдо дојде на тренинг со младинскиот тим на Јунајтед (ВИДЕО)

Протераниот Кристијано Роналдо веќе ги чувствува последиците од своите постапки. Португалската суперѕвезда пристигна точно во 8.30 часот во базата Карингтон на тренинг со тимот на Манчестер Јунајтед до 21 година, пренесува „Манчестер Ивнинг њуз“.


На 37-годишниот играч му беше наредено да тренира далеку од првиот тим откако е суспендиран од Ерик тен Хаг. Тоа се случи откако Роналдо одби да влезе како замена во победата над Тотенхем и предвреме се упати во соблекувалната. Португалецот демонстративно замина во тунелот.

Клубот во официјалното соопштение потврди дека Роналдо нема да биде дел од тимот за гостувањето кај Челси на „Стемфорд Бриџ“ овој викенд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови