
Работнички и Македонија Ѓорче Петров ќе имаат интересна пресметка (13 часот) на арената „Тодор Проески“. Тимот на Ратко Достаниќ сака да дојде до победа со оглед дека има четири ремија и еден пораз на последните пет меча. Од друга страна „лавовите“ од Ѓорче Петров гризат силно под раководство на Жикица Тасевски и нанижаа четири победи на последните пет натпревари. Сигурно ќе сакаат да ја продолжат серијата и против „романтичарите“.
Силекс во Кратово ја пречекува Беласица во еден специфичен емотивен момент. По смртта на Љубисав Иванов Ѕинго, фудбалерите на Силекс сигурно ќе сакаат да одиграат најдобро што знаат и умеат за негов спомен.
Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Ренова која одамна се нема израдувано на првенствен триумф. Стружани високо котираат на табелата, но сакаат и да остварат нов триумф.
Дерби-пресметката се игра во Тетово каде двете пропласирани екипи Шкендија и Шкупи ќе ги вкрстат копјата, а Академија Пандев и Пелистер во меѓусебен дуел ќе бараат начин да ја прекинат кризата во сопствените редови.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
