
Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите против Борец во 12.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо сака да стави крај на лошата низа и да се врати на победнички патеки. Го потенцира тоа и Марјан Ристовски кој во минатото го носеше дресот и на Борец.
„Респект за Борец, но ние сме фокусирани на победа. Мора да ставиме крај на лошата низа, сакаме да им се вратиме на победите. Одигравме квалитетен меч против Шкендија иако загубивме и мислам дека ако го повториме тоа издание имаме големи шанси да славиме денеска во Велес. Треба да ја разбиеме и бариерата со ефикасноста, мислам дека тоа е клучниот елемент“, вели Марјан Ристовски за официјалниот сајт на клубот.
Скопје на домашен терен ќе ја пречека Ренова. „Гипсарите“ ќе се обидат да го следат чекорот на Шкупи, но Скопје игра посебно добро на домашен терен.

Шкендија на домашен терен го пречекува Тиквеш и е голем фаворит. Меџит Незири најавува нов триумф.
„На последните три меча на домашен терен остваривме три победи без примен гол. Сакаме да одиме по истиот рецепт. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво по одличните изданија на претходните мечеви. Го респектираме Тиквеш, но ги сакаме бодовите“, изјави Незири.
Струга ТЛ сака крај на низата од пет меча без победа и го пречекува тимот на Академија Пандев.
Во Битола, Пелистер ќе ја бара првата првенствена победа против Македонија ЃП.
Вчера, лидерот Шкупи ја зацврсти предноста на врвот со убедлив триумф над Беласица.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (14 часот)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА
ВЧЕРА: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
