Connect with us

Рома сака да го задржи Крис Смолинг, но со помала плата

Италијанскиот калчолигаш Рома сака да го задржи дефанзивецот Крис Смолинг. Актуелниот договор на Англичанецот истекува на лето, кога може да замине како слободен играч. На „Олимпико“ не сакаат тоа да се случи, особено што 33-годишниот фудбалер е клучна фигура во составот на „волчицата“. Затоа, клубот се надева дека двете страни ќе постигнат нов договор.


Смолинг пристигна во Рома во 2019 година од Манчестер Јунајтед прво на позајмица, а потоа клубот ги откупи неговите права. Тој е играчот на кој Жозе Мурињо од почетокот на сезоната му даде најголема минутажа, 1.906 минути до сега.

Во договорот на Англичанецот има клаузула, според која тој автоматски може да го продолжи договорот за една година со истата плата што ја добива во моментов – 3,5 милиони евра.

Клаузулата се активира доколку одбранбениот играч игра во најмалку 50% од натпреварите на тимот во текот на сезоната.

Рома сепак сака да побрза и веќе упатила уште една понуда до фудбалерот со договор на две сезони, но со помала плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови