Италијанскиот калчолигаш Рома се пренасочи кон напаѓачот на Монако, Брил Емболо, поради тешкотиите со доведување на таргетираните фудбалери од Премиер – лигата, пишува „Газета дело Спорт“.
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, сè уште одбива да даде позитивен одговор на „волчицата“, а во меѓувреме напаѓачот на Вулверхемптон, Фабио Силва, веќе постигна договор со Борусија Дортмунд.
Затоа, во Рома бараат нова опција и како решение се појавила можноста за Емболо. Швајцарскиот репрезентативец има уште само една година од договорот со Монако, поради што би чинел околу 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













