
Поранешниот капитен на Аталанта, Папу Гомез, кој не се раздели во вистинско светло со тимот од Бергамо поради конфликтот со Џанпјеро Гасперини, би можел после година и пол да се врати во Италија.
Аргентинскиот фудбалер игра значајна улога со Хулен Лопетеги во Севилја, но неговото срце сепак го привлекува во Италија, каде што помина помалку од седум години во Бергамо.
Според информациите на „чизмата“, агентот на фудбалерот Бепе Рисо веќе отпатувал во Севилја за да се сретне со играчот иу да му ја пренесе понудата од Рома.
Причината е што Севилја и Рома ги поврзува спортски директор Мончи, кој е заинтересиран да го доведе Брајан Кристанте од „Олимпико“, кого пред три години го донесе од Аталанта во Рим. Сега би сакал да го има во Севилја, а за возврат Жозе Мурињо да добие играч од врвна класа како Гомез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
