
Фудбалскиот клуб Рома денес официјално го потврди именувањето на Џанпјеро Гасперини за нов предводник на првиот тим. Искусниот италијански стручњак потпиша договор со важност до летото 2028 година.
На тренерската позиција, Гасперини го наследува Клаудио Раниери, една од највлијателните фигури во историјата на италијанскиот фудбал, кој ја заврши својата последна тренерска мисија во клубот.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на клубот се вели:
„Рома со задоволство објавува дека Џанпјеро Гасперини е новиот тренер на сениорскиот тим. Неговата богата кариера се одликува со иновативен пристап, силна работна етика и извонредна способност за развој на талентирани фудбалери. Сопствениците на клубот, во координација со Клаудио Раниери, уверени се дека токму Гасперини е вистинската личност која ќе го води тимот во новата ера. Добредојде, тренеру. Форца Рома.“
🎙 Gian Piero Gasperini's first interview as the new Head Coach of AS Roma 🟡🔴#ASRoma pic.twitter.com/AXUoJyyHnt
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 6, 2025
Гасперини зад себе има девет успешни сезони на кормилото на Аталанта, клуб со кој го оствари најуспешниот период во неговата историја. Под негово водство, тимот од Бергамо го освои трофејот во Лига Европа во 2024 година и обезбеди пет настапи во најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите.
Со ова ангажирање, Рома го започнува новиот проект под водство на стратег кој веќе има оставено силен печат во калчото, и чија мисија ќе биде да го врати клубот во самиот врв на италијанскиот и европскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
