Connect with us

Рома доведува голем талент од Бундес – лигата

Рома не сака да чека до следното лето за да го донесе Денис Закарија, па се обидува да го доведе играчот на “Олимпико” во јануарскиот преоден рок.

Контактите помеѓу придружбата на швајцарскиот играч од средниот ред и раководството на “волчицата” веќе се остварени, но италијанските медиуми наведуваат дека клубот не сака да чека до лето кога треба да му истече договорот на Закарија со Борусија Менхенгладбах.

Навнодно, Рома веќе пронашла договор со играчот и имаат негова согласност за зимси трансфер. Италијанската екипа би можела во договорот во вклучи процент од идна продажба за Гладбах или одредени бонуси врз основа на неговите идни настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови