Фудбалскиот клуб Рокдејл Илинден, формиран од македонските иселеници во Австралија, денеска преку социјалните мрежи упати повик до македонската заедница на овој континент за организирање и собирање финансиски средства поради трагедијата што се случи во Кочани.
Клубот ги повика сите заинтересирани да се вклучат во оваа иницијатива што е можно побрзо, со цел да се обезбеди помош за семејствата најтешко погодени од оваа несреќа.
Во Австралија живеат стотици илјади Македонци по потекло, а се верува дека нивната поддршка ќе биде значајна за оние на кои во овој момент им е најпотребна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













