Реал Мадрид ја оствари 23. победа во Ла Лига оваа сезона откако го совлада Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0. Бразилецот Родриго беше човек на одлука на овој дуел постигнувајќи ги двата гола за „кралевите“.
Во отсуство на суспендираниот Винисиус Жуниор, тренерот Карло Анчелоти се потпре на Родриго и на Брахим Дијаз, а тие имаа одлична соработка за првиот гол во осмата минута.
Родриго во 73.минута одлично беше проигран и од Џуд Белингам при еден класичен противнапад и го постигна вториот гол на натпреварот.
Реал Мадрид повтпрно побегна на +8 бода во однос на Барселона, во трката за титулата во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













