Италијанскиот калчолигаш Милан е во завршни преговори за ангажман на Родриго Де Пол од Удинезе. Тој треба да потпише тригодишен договор и да го засили составот на „росонерите“ за следната сезона. Милан по долг период се враќа и во Лигата на шампионите, па Паоло Малдини се обидува да оформи квалитетен тим, по вкусот на Стефано Пиоли.
Де Пол треба да биде замена за Хакан Чалханоглу кој го напушта „Сан Сиро“. Тој побара двојно поголема плата од сегашната за да ја продолжи соработката со „миланезите“. Турскиот интернационалец досега заработуваше 2,5 милиони евра по сезона, а побара 5 милиони евра годишно за нов потпис.
Милан е во завршни преговори и со францускиот репрезентативец Оливие Жиру од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













