
Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја освои „Златната топка“. Звездата на Манчестер Сити ја освои четвртата последовна титула во Премиер – лигата и беше клучен играч на Шпанија на патот до титулата европски шампион во Германија.
Неговата победа остана во сенка на контроверзите, бидејќи целата делегација на Реал Мадрид реши да го бојкотира настанот, дознавајќи дека нивниот играч, Винисиус Жуниор, не ја добил наградата.
Во разговор за „Л’Екип“, Родри откри дека на почетокот не верувал во веста за бојкот и мислел дека станува збор за ‘fake news’.
„Одлуката добитникот се чува во тајност до крај беше одлична. Немав поим што се случува, се изненадив кога ме прашаа за тоа. Никој не ми кажа ништо пред церемонијата. Во текот на денот, додека се подготвувавме за влегување во авион, добив неколку пораки од пријатели дека Реал Мадрид нема да дојде. Прво не верував, мислев дека тоа се ‘fake news’.
Кога слетав во Париз, добив уште пораки со честитки. Тогаш разбрав дека се качив во авион за да учествувам на церемонијата, а слетав практично како победник. Беше тешко заради веста за летот од Мадрид, но решив да не се занимавам со тоа и да уживам во вечерта“, раскажа Родри.
Шпанскиот фудбалер, и покрај ваквиот бизарен развој на настаните, смета дека одлуката да се чува во тајност кој ќе биде победник до последниот момент била добра, иако името на победикот „излезе“ пред самата церемонија.
„Знаев дека никој нема да ми каже ништо до крај и тоа се покажа како точно, бидејќи до тогаш не знаевме кој ќе победи. Мислам дека одлуката да се држи во тајност беше одлична“, изјави Родри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
