Connect with us

Родри го победил Винисиус во трката за „Златната топка“ за само 41 поен

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, ја освои „Златната топка“ со предност од само 41 бод пред Винисиус Жуниор, што го прави гласањето едно од најизрамнетите во последните години, според информациите од „Л’Екип“. Овој тесен резултат е редок, бидејќи во претходните години разликата меѓу првиот и вториот обично изнесувала најмалку 100 поени.

Гласањето за „Златната топка“ беше спроведено од новинари од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА, при што секоја земја имаше по еден претставник. Тие од листата со 30 номинирани ги избираат десетте најдобри играчи во опаѓачки редослед, при што добиваат поени: 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен.

Винисиус не бил вклучен во првите 10 кај тројца од гласачите, додека Родри бил изоставен од топ 10 кај петмина.

Крајниот резултат по поени е следниот:

Родри (Манчестер Сити / Шпанија) – 1170
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид / Бразил) – 1129
Џуд Белингам (Реал Мадрид / Англија) – 917
Даниел Карвахал (Реал Мадрид / Шпанија) – 550
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити / Норвешка) – 432
Килијан Мбапе (Реал Мадрид / Франција) – 420
Лаутаро Мартинез (Интер / Аргентина) – 402
Ламин Јамал (Барселона / Шпанија) – 383
Тони Крос (Реал Мадрид / Германија) – 291
Хари Кејн (Бајерн Минхен / Англија) – 201


Резултатите покажуваат колку тесна и возбудлива беше оваа годинашна трка за „Златната топка“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови