
Лестер загуби од Наполи со 3-2 и не успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа. „Лисиците“ напролет ќе се префрлат во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.
Менаџерот Брендан Роџерс вели дека не ни знае какво натпреварување е Конференциската лига.
„Да бидам искрен, не ни знам какво натпреварување е тоа. Бев фокусиран на Лига Европа и на освојување на групата. Но, не успеавме, имавме сериозни проблеми со играчкиот кадар. Очекував дека во најмала рака ќе ја освоиме втората позиција. Сепак, сега сме во Конференциската лига и навистина не знам какво е тоа натпреварување иако секако ја има почитта за него“, изјави Брендан Роџерс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
