
Хајдук Сплит и Динамо Загреб в сабота на „Пољуд“ по репрезентативната пауза ќе го одиграат дербито од 28. коло на СуперСпорт ХНЛ. Се очекува двата клуба да одат на победа, бидејќи со три бида би останале блиску до лидерот Ријека, која има 59 бода и истиот ден гостува кај последниот Рудеш. Хајдук има 55, а Динамо 54, но со натпревар помалку.
На два дена пред дербито, Динамо Загрев на социјалните мрежи објави изјава од Стефан Ристовски (32), кој сезонава забележа 19 настапи.
„Убеден сум дека успешно ќе ја поминеме сезоната! Секако дека ќе биде така, не сум ниту арогантен, ниту препотентен, знам што зборувам и знам каков квалитет имаме во соблекувалната. Почит до сите, но титулата повторно ќе се слави на „Максимир“!“, изјави Стефан Ристовски, кој со Динамо трипати ја освојуваше титулата во Хрватска, а претходно еднаш и со Ријека.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
