
Eвропска фудбалска асоцијација (УЕФА) денес објави важни информации за ажурирање на распоредот на Лигата на шампионите за следната сезона.
УЕФА одлучи да го промени времето на почетокот на големото финале на Лигата на шампионите, кое во последните години редовно започнуваше во 21:00 часот. Од оваа сезона, финалето ќе започнува во 18:00 часот.
„Оваа одлука е донесена со цел да се подобри целокупното искуство на натпреварот за навивачите, тимовите и градовите-домаќини, преку оптимизација на логистиката и операциите на денот на мечот, при што се обезбедуваат повеќе конкретни придобивки. Нашата цел е денот на натпреварот да биде вистинско уживање за сите кои сакаат да бидат дел од возбудата, создавајќи пријатна атмосфера која им олеснува на семејствата и децата да присуствуваат на најголемиот и најважниот клупски фудбалски натпревар во сезоната“, изјавија од УЕФА.
Претходно УЕФА го воведе терминот од 21:00 часот како замена за претходниот термин од 20:45, кој важеше до сезоната 2018/19.
Оваа сезона, големото финале ќе се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта, а промената ја коментираше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин:
„Со оваа промена, искуството на навивачите го ставаме во центарот на нашето планирање. Финалето на Лигата на шампионите е врв на фудбалската сезона, а новиот почеток на мечот ќе го направи уште попристапно, поинклузивно и поимпресивно за сите учесници“, рече Чеферин.
„Иако почетокот во 21:00 часот е практичен за натпревари во средата, почетокот на финалето во сабота во 18:00 значи порано завршување – без разлика на продолженијата или пеналите – и им нуди на навивачите можност да уживаат во остатокот од вечерта со пријателите и семејството, присетувајќи се на натпреварот на сезоната“, додаде претседателот на УЕФА.
Во претстојната сезона на Лигата на шампионите ќе настапуваат следниве тимови: ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челси, Борусија Дортмунд, Барселона, Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт, Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Бодо/Глимт, Марсеј, Монако, Галатасарај, Унион Сен-Жил, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират, Карабах, Клуб Бриж, Бенфика и Копенхаген.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
