
Антоан Гризман е една од енигмите во светот на фудбалот оваа сезона, бидејќи на шест натпревари влезе во игра веднаш по 60. минута, а причината е што Атлетико Мадрид пресметал дека така нема да мора да се обврзе кон Барселона да ја плати клаузулата за 40 милиони евра.
Минатото лето Гризман се врати во Атлетико на двегодишна позајмица, по што клубот од Мадрид мора да го откупи за 40 милиони евра доколку помине повеќе од 50% од своето време на теренот.
Откако минатата сезона беше стандарден, а потоа падна во формата, Атлетико пресмета дека доколку Французинот игра на секој натпревар од 60. минута, нема да мора да плати 40 милиони.
Барса така остана во проблем, се закани со тужба, но јасно е дека е тешко да се докаже што всушност прави Атлетико. Затоа денеска пристигнуваат информации дека Барса и Атлетико ќе постигнат договор за откуп за 25 милиони евра, 15 помалку од сумата наведена во договорот.
Тоа е голем удар за Барса која на Гризман плати 120 милиони евра во летото 2019 година и патем го направи вториот најплатен играч зад Лео Меси со годишна плата од 23 милиони евра.
Токму поради таа плата Барса не сака да ризикува со неговото враќање, особено ако Атлетико го врати следното лето, Гризман сигурно ќе биде на попуст бидејќи влегува во последната година од договорот.
Барса пресмета дека ќе им одговара да земат 25 милиони евра, само за да не се врати преплатениот Гризман. Атлетико секако направи одлична зедлка, заработи 120 милиони во 2019 година, а во 2023 година ќе го врати за речиси 100 милиони помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер
