
Македонската фудбалска репрезентација, по одличниот старт на квалификациите за Светското првенство, ја привршува сезоната со уште два исклучително важни натпревари.
Селекторот Благоја Милевски во средата го соопшти списокот на повикани фудбалери, а денеска веќе се одржа и првиот собир. Речиси сите избраници се појавија на стартот на подготовките за претстојните дуели против силната Белгија и незгодниот Казахстан.

Сепак, не мина сè без проблеми – поради повреди од списокот отпаднаа Никола Серафимов, Дарко Велковски и Лирим Ќамили.
Милевски повика и еднo ново лице во националниот тим – Стефан Деспотовски, играч на ОФК Београд, кој ќе дебитира во репрезентативниот дрес.

Првиот предизвик на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Белгија. Дуелот е закажан за 6 јуни од 20.45 часот. Три дена подоцна, Македонија ќе гостува во Астана каде ќе се соочи со Казахстан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
