Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир при стартот на подготовките за двата квалификациски натпревари против Лихтенштајн и против Велс во циклусот за СП 2026. Во знак на почит и солидарност кон настраданите во трагедијата во Кочани, медиумските активности со фудбалерите ќе бидат сведени на минимум.
Исто така, одложени се и пријателските натпревари на Македонија У16 против Естонија кои требаше да се одиграат во Скопје.
„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.
Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје.
Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, соопштија од ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













