Connect with us

Репрезентативците го одработија првиот тренинг: Летонија е подготовка за „финалето“ во Кардиф (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска повторно е на собир, пред решавачкиот ноемвриски сегмент од квалификациите за СП 2026. Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, најголем дел веќе пристигнаа и беа присутни на првиот тренинг на комплексот на ФФМ.

Првиот предизвик е Летонија, па иако се работи за пријателски натпревар, тој треба да послужи за проверка на формата пред „финалето“ од овие квалификации, дуелот против Велс во Кардиф. Со успех против Велшаните, Македонија може да се избори за втората позиција во групата за пласман на Мундијалот.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови