Тетовската пресметка меѓу Ренова и Шкендија ќе биде во фокусот на вниманието во денешното 13.коло од Првата фудбалска лига. „Гипсарите“ летнаа високо оваа сезона, а актуелниот првак е далеку од игрите што ги прикажуваше минатата. Но, токму затоа и ќе биде уште повозбудливо.
„Имаме моќ да ја победиме Шкендија. Подготвени сме за надигрување“, порача напаѓачот на Ренова, Шефит Шефити.
Шкендија ја декласира Ренова со 5-0 во Купот на Македонија и сака нова победа во тетовското дерби.
„Против Ренова дефинитивно ќе бараме победа, особено ако се има предвид дека досега загубивме многу бодови. Само долга победничка серија ќе не врати во трката за врвот на табелата. Ренова игра добро оваа сезона. Не смееме да нè измами убедливата победа од 5-0 што ја остваривме во Купот, бидејќи секој натпревар има свои специфики. Верувам дека ќе бидеме на нивото на задачата“, потенцира фудбалерот на Шкендија, Флорент Рамадани.

Работнички ќе се обиде да стигне до триумф против Академија Пандев на Националната арена „Тодор Проески“, а Македонија ЃП го пречекува Шкупи во уште еден интересен дуел.
Брегалница во Штип е домаќин на Скопје, Пелистер ќе го нагости тимот на Струга Трим Лум, а Тиквеш во Кавадарци ќе игра против Борец.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО (13 ЧАСОТ)
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ТИКВЕШ – БОРЕЦ
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













