
Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс во неделата објави дека се разделува со тренерот Филип Клеман откако тимот забележа слаби резултати во последниот период.
„Клубот сака искрено да му се заблагодари на Филип Клеман за неговата посветеност и континуитетот што го покажа за време на престојот тука“, стои во официјалното соопштение на клубот за поранешниот тренер на Бриж и Монако.
50-годишниот Белгиец не успеа да ја задржи својата позиција по поразот од Сент Мирен со 0-2 во саботата, што дојде само две недели по елиминацијата од второлигашот Квинс Парк во шкотскиот Куп. Во првенството, Ренџерс заостанува 13 поени зад големиот ривал Селтик по 27 одиграни натпревари.
Клеман го наследи Мајкл Бил на клупата во октомври 2023 година, неколку месеци по неговото заминување од Монако, а два месеци подоцна ја освои Лига купот во Шкотска. Минатата сезона, Ренџерс долго беа во борба за титулата со Селтик, но на крајот попуштија и завршија на второто место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
